26
апр
2022
Домашен намаз (од варени јајца)
Превкусен, брз и здрав појадок, кој може да си го припремате било кога, но овојпат решив да ви го споделам рецептот, бидејќи верувам дека на многумина од вас им останаа дел од вапцаните велигденски јајца, па еве еден мој предлог за да ги искористите.
Подготовка
1. Јајцата ги лупиме и ги сецкаме на неколку парчиња. Младото кромитче, исто така, го сецкаме на помали парчиња.
2. Ги ставаме во чашката од блендерот, и ги додаваме и останатите состојки. Посолуваме по вкус. Блендираме до хомогенизирање. Послужуваме веднаш.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
одличен е