Домашен зачин од лен и сусам
Сусамот се запекува во загреано тавче се дури не забележите како полека пушта од сопственото масло. Мешајте постојано. Оваа постапка трае 2-4 минути максимум зависно од јачината на огнот.
Не го препекувајте многу. Сусамот само малку треба да добие некоја златеста нијанса.
Префрлете го во камен или метален аван заедно со морската сол и ленот и истолчете убаво, за да се отворат зрната.
Во дрвен аван многу тешко, скоро никогаш нема да можете да ги згмечите убаво.Тоа посебно важи за ленот.
Јас лично ги гмечам со оклагија врз хартија за печење, а овој пат додадов и од црниот сусам.
Соберете го зачинот во тегленце и додавајте го на Вашите омилени јадења.
Најпогоден е за печени или пржени компири, тестенини, наросено на павлака, путер, а го јадеме и само така на лепче.
Може да се стави и во манџи дури се готват.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
И добро е вака што ти се разјасни :)
Јас онака од око си ставам состојки,не мора точно според горе што е напишано.Само гледај да не пресолиш ептен
Можеби кога ќе имам прилика,ќе си памтам ова
baba mi redovno pravese zacin od semenki od tikva,pcenkarno peceno brasno,nane,cubrica i pcenka mirodija i najinteresen del bese tolcenjeto vo dibek-site po red se menuvavme dodeka bidne zacinot ha ha