Домашна вегета без додавање на бои, засилувачи на вкус и слично, здрава со сите хранливи состојки...
Морковите се рендаат, пашканатот и кромидот ситно се сецкаат.

Се става да се суши на сонце 3-4 дена со повремено мешање. Исто и магдоносот се суши на сонце.

По 3-4 дена во блендер се ставаат морковот, кромидот, пашканатот, магдоносот и солта и се блендира додека се иситни да дојде како купечкиот сув зачин.

Се употребува нормално во секое јадење каде што досега се користело купен сув зачин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови