14
авг
2014
Домашен сув зачин (вегета)
Домашна вегета без додавање на бои, засилувачи на вкус и слично, здрава со сите хранливи состојки...
Морковите се рендаат, пашканатот и кромидот ситно се сецкаат.
Се става да се суши на сонце 3-4 дена со повремено мешање. Исто и магдоносот се суши на сонце.
По 3-4 дена во блендер се ставаат морковот, кромидот, пашканатот, магдоносот и солта и се блендира додека се иситни да дојде како купечкиот сув зачин.
Се употребува нормално во секое јадење каде што досега се користело купен сув зачин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Почнав реферат да пишувам т.е. да прашувам, ама ги видов дополнителните фотографии и се ми е јасно:)))
Сакам и јас да направам, и имам исушено одредени зеленчуци, ги чувам во тегличка, и планирав кога ќе ги соберам сите (чекам уште морков од органско потекло :) ) да ги измешам, ама во малку понаков сооднос.
Во мојот рецепт 1 китка магдонос оди на по 250 грама: кромид, пашканат, морков и целер. И обавезно неколку чешниња лук.