Испечати

Домашен зачин од лен и сусам

Домашен зачин од лен и сусам

Состојки

  • 50 гр лен
  • 50 гр сусам
  • по вкус крупна морска сол

Подготовка

Сусамот се запекува во загреано тавче се дури не забележите како полека пушта од сопственото масло. Мешајте постојано. Оваа постапка трае 2-4 минути максимум зависно од јачината на огнот.
Не го препекувајте многу. Сусамот само малку треба да добие некоја златеста нијанса.

Префрлете го во камен или метален аван заедно со морската сол и ленот и истолчете убаво, за да се отворат зрната.
Во дрвен аван многу тешко, скоро никогаш нема да можете да ги згмечите убаво.Тоа посебно важи за ленот.

Јас лично ги гмечам со оклагија врз хартија за печење, а овој пат додадов и од црниот сусам.

Соберете го зачинот во тегленце и додавајте го на Вашите омилени јадења.

Најпогоден е за печени или пржени компири, тестенини, наросено на павлака, путер, а го јадеме и само така на лепче.
Може да се стави и во манџи дури се готват.