Домашен део стик со кокосов путер
НЕНОРМАЛНО ЛЕСНО, НЕНОРМАЛНО ДОБРО, ПРЕНАЈУБАВО, ПРЕНАЈЗДРАВО....немам ни зборови од што сум воодушевена што направив =))
Го најдов рецептот на нет (нормално, каде инаку).
Кокосот го обожавам, а путерот од кокос ми е нова љубов. Дома имав се, па дури и празно кутивче од стик.
Подготовката е многу лесна. Само стопете го путерот од кокос, пожелно е да не врие. На пакувањето пишува дека е ладно цеден што е супер работа. Ладно цеден значи си ги задржал сите хранливи состојки, па ако се преврие, ќе ги изгуби. Затоа само стопете го на тивко и додадете ги содата и густинот. Убаво промешајте со лажица да нема грутки и сипете во калапчето во кое што сакате да ви стои.
Можете слободно да го сипете во Делимано калапчето за мафини.
Ќе има супер практична форма или како мене во кутивче од стар стик.
Можете да го оставите да се лади на собна температура или во фрижидер. Јас го ставив во фрижидер. Сакав побрзо да се стегне, мислев да не се наталожат доле густинот и содата. Мислам дека нема, ама прв пат го правев, па му се притресував =))
За ова кутивче од стик (130гр) потребни се РАМНИ лажици. Јас правев со полни, па ми остана малку во садот.
Кутивчето од стик може и да се чува во змрзнувач, за кога ќе се сипа смесата да е камен ладно и побрзо да се олади.
Инаку, во врска со кутивчето, одвртев до најдоле стикот и така сипав, па кога го вртам кругчето си се отвара како нормален купечки стик.
(на што ли ми личи објаснувањево, ме разбра ли некој? ) =))
Садот во кој го спремав е минијатурен, помал од ѓезве, нема ни потреба од поголем бидејки дозите се мали.
Дента кога го пробав беше еден од најжешките денови. Таман за тест и за тешка брука =))
Си мислев, ај имам влажни марамчиња, ќе се тријам цел ден. Испадна НЕМА ПОТРЕБА ОД НИШТО ДРУГО ОСВЕН СТИКОТ! =)
Јас сум си пресреќна што си најдов нешто здраво за користење. Преку глава ми е веќе од индустрија. Следен чекор ми е домашен сапун (намиг намиг)
Инаку, кокосовото масло (путер) се продава во сите продавници за здрава храна. Јас го имам она во стаклено тегличе со сребрено капаче. Стикот не остава мирис на кокос, а единствена мана му е тоа не држи долго на жешко, путерот станува масло, значи НЕ се носи во ташна.
АМА, добра вест е што нема ни да ви треба. Мачкаш, си одиш и си одмараш.
Кокосот е познат по своите антибактериски и антигабични својства, па и комбинацијата со сода бикарбона го прави совршен за ваков вид на козметика. Може слободно да се мачка и на стапала.
Со оглед на состојките, МОЖЕ И ДА СЕ ЈАДЕ =))
Чекам да видам што ќе направите.
Ај ча
Лиценца: Сите права се задржани
кога ќе го мириснеш во тегла има мирис кој може и ќе ти се допадне, а може и не. не го познавам доволно твојот вкус за да ти кажам, но кога ќе го намачкаш по дланки мирисот за кратко време исчезнува. исто е и со стикот :)
имаме лаванда насадено окулу 20 коренчиња. но бидејки ги садевме лани, уште не се пораснати доволно за да има поголема количина. има цветчиња, ама малку :)
бејби лаванди се :)
имаше смисла да не го поделиш со нас?
која од вас беше на работа кога ја пратив другарка ми и од кај вас ми се јавуваше да ме праша дали тегла од 200гр или од 400гр да ми земе? :)
паста за заби си направив со диво нане, мед и сода ;)
ќе ги прашам тетките и чичковците од моирецепти дали смее таков рецепт да се стави ;)
ви оствам еден коментар да не го затрупувам полето со коментари ;)
- дали може да се направи со некој друг путер за тие што не го сакат мирисот на кокос?
-дали кога се мачка мириса на кокос или на нешто... било што?
- дали кога се сипува во празното кутивче од стик (дека нели е течно) истекува од некаде или уредно си стои се внатре? :)
- и дали остава масни флеки на облеката?
Толку од мене, поздрав :)
- дали може да се направи со некој друг путер за тие што не го сакат мирисот на кокос?
-дали кога се мачка мириса на кокос или на нешто... било што?
- дали кога се сипува во празното кутивче од стик (дека нели е течно) истекува од некаде или уредно си стои се внатре? :)
- и дали остава масни флеки на облеката?
Толку од мене, поздрав :)
може масло од кокос. јас со масло од кокос го правев, она во стаклена тегличка со сребрено капаче. немој да купуваш какво било масло, нема да успее. другарка ми вчера цвичеше на скајп како не и успеало, а купила некое кокосово масло за коса :) :) :) :)
значи, барај го тоа кокосовоте ладно цедено масло и немаш гајле :)
фроги, кокосов путер или кокосово масло, јас со масло го правев, пишав и во коментарот погоре.
го има по продавници за здрава храна, во гтц и зад веро во тафталиџе :)
jas go napraviv ovaj recept i dodaov nekolku kapki maslo od pepermint.
Za pripremata koristev organski puter od kokos i smesata mi bese premnogu gusta, morav da dodatam edna casicka (za rakija) voda. Sepak uspea go koristam veke nekolku dena i e super. Fala na receptot :)