Позната јас веке по тоа дека ги сакам кратките рецепти кои даваат совршен резултат. За овој денешен десерт виновникот исклучиво е пријателката Дубравка или Буба86, блогерка која има фантастични рецепти на нејзиниот блог, таа предложи, јас направив, па еве го рецептот на ваша понатамошна услуга.
Дубравка, одовде те поздравувам, благодарноста ја пренесувам од целото мое семејство, ти посакувам успешна работа.

Овој рецепт примамува и токму поради тоа што скоро секогаш ги имаме потребните состојки, бргу се спрема, лесно и кога се јади мислиш дека јадеш „Рафаело во чаша“, одлично е..

- Во касеролата измешајте ги сите суви состојки, а потоа внимателно додајте го млекото и измешајте добро за да добиете компактна смеса без да има грутчиња.
- Ставете на тивок оган нека се вари, кога ќе проврие додајте го путерот или маргаринот и понатаму варете додека се згусти.
- Распоредете во садови кои сте ги избрале вие, јас ставив во овие мали садчиња од 150 мл. Со ова добиено „рафаело“ наполнив 4-четири вакви садчиња.
- Секое садче покријте го стреч фолија, нека се олади, потоа посипете со мелен печен лешник измешан со кокос.
Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани