Домашен део стик со кокосов путер
Состојки
- 2 големи лажици густин
- 2 големи лажици сода бикарбона
- 3 големи лажици кокосов путер
Подготовка
НЕНОРМАЛНО ЛЕСНО, НЕНОРМАЛНО ДОБРО, ПРЕНАЈУБАВО, ПРЕНАЈЗДРАВО....немам ни зборови од што сум воодушевена што направив =))
Го најдов рецептот на нет (нормално, каде инаку).
Кокосот го обожавам, а путерот од кокос ми е нова љубов. Дома имав се, па дури и празно кутивче од стик.
Подготовката е многу лесна. Само стопете го путерот од кокос, пожелно е да не врие. На пакувањето пишува дека е ладно цеден што е супер работа. Ладно цеден значи си ги задржал сите хранливи состојки, па ако се преврие, ќе ги изгуби. Затоа само стопете го на тивко и додадете ги содата и густинот. Убаво промешајте со лажица да нема грутки и сипете во калапчето во кое што сакате да ви стои.
Можете слободно да го сипете во Делимано калапчето за мафини.
Ќе има супер практична форма или како мене во кутивче од стар стик.
Можете да го оставите да се лади на собна температура или во фрижидер. Јас го ставив во фрижидер. Сакав побрзо да се стегне, мислев да не се наталожат доле густинот и содата. Мислам дека нема, ама прв пат го правев, па му се притресував =))
За ова кутивче од стик (130гр) потребни се РАМНИ лажици. Јас правев со полни, па ми остана малку во садот.
Кутивчето од стик може и да се чува во змрзнувач, за кога ќе се сипа смесата да е камен ладно и побрзо да се олади.
Инаку, во врска со кутивчето, одвртев до најдоле стикот и така сипав, па кога го вртам кругчето си се отвара како нормален купечки стик.
(на што ли ми личи објаснувањево, ме разбра ли некој? ) =))
Садот во кој го спремав е минијатурен, помал од ѓезве, нема ни потреба од поголем бидејки дозите се мали.
Дента кога го пробав беше еден од најжешките денови. Таман за тест и за тешка брука =))
Си мислев, ај имам влажни марамчиња, ќе се тријам цел ден. Испадна НЕМА ПОТРЕБА ОД НИШТО ДРУГО ОСВЕН СТИКОТ! =)
Јас сум си пресреќна што си најдов нешто здраво за користење. Преку глава ми е веќе од индустрија. Следен чекор ми е домашен сапун (намиг намиг)
Инаку, кокосовото масло (путер) се продава во сите продавници за здрава храна. Јас го имам она во стаклено тегличе со сребрено капаче. Стикот не остава мирис на кокос, а единствена мана му е тоа не држи долго на жешко, путерот станува масло, значи НЕ се носи во ташна.
АМА, добра вест е што нема ни да ви треба. Мачкаш, си одиш и си одмараш.
Кокосот е познат по своите антибактериски и антигабични својства, па и комбинацијата со сода бикарбона го прави совршен за ваков вид на козметика. Може слободно да се мачка и на стапала.
Со оглед на состојките, МОЖЕ И ДА СЕ ЈАДЕ =))
Чекам да видам што ќе направите.
Ај ча