Доматна салца (Ѓавола)
Доматите ислупете ги и исечете ги на ситни коцки. Кромидот исто исечете го на ситни коцки. Ставете ги во тенџере доматите и кромидот заедно и ставете ги да се варат на огин. Варете ги околу 20 минути на тивок огин, а потоа додадете го на ситно исечениот лук и лутата пиперка. Оставете ги да се варат уште 15 минути па додадете го шеќерот, солта, балзамираниот оцет и маслиновото масло. Оставете ги така сите состојки да се крчкаат уште 10тина минути па додадете ги и ориганото, мајчината душичка, босилекот и магдоносот.
На крај ставете го и чили зачинот и оставете да поврие уште неколку минути додека смесата не стане густа и хомогена. Оваа пикантна салца е одлична во комбинација со тестенини, пица, месо или риба. Комбинирајте ја по ваша желба. Добар апетит!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
iako receptot e postiran nekolku dena predhodno, moze da bide recept na denot posle nekolku dena od postiranjeto???? Na primer postiran na 8 da bide na 12-ti recept na denot????
За рецепт на денот може да биде избран кој било рецепт од тековниот месец. Не може да се бираат рецепти од предходните месеци.
Поздрав :)