Немаме двор, немаме ќумбе, ама имаме делимано кукер. Зимницата си ја спремем во него.
Пошто сум љубител на луто,спремив една убава лута салца, рецептата ја најдов по нетов, и искрено многу бев среќна зашто го добив тоа што го сакав.

Подготoвка:

1. Ги сецкаме доматите во сецкото и се ставаат во тенџерето. Се додава масло, оцет, шеќер, а потоа и ловоров лист, целер и бибер. Се остава да покрчка, промешувајќи од време на време. Нека крчка триесетина минути откако ќе почне да врие.
2. Потоа додајте му ги феферонките. Ако сакате ставете ги цели, а ако сакате исецкајте ги на парчиња.
Јас ги исецкав и ги помешав заедно со доматите. Го посолив по вкус. Му го додадов пасирано лукче, па оставив да се поварат заедно. Штом ќе бидат омекнати и пиперчињата, соберете ја салцата во мали теглички. Нека бидат миени и добро исушени. По можност топли за складирање на жешката салца.
3. Јас ја собрав во мали теглички зашто е лута па не се јаде многу наеднаш. Да не се расипува, подобро е во помали теглички, да се отвори и да се изеде. Јас ги наполнив теглите ги затворив и ги превртев наопаку малку со капачките. Откако ќе изладат ги редам на поличката за зимница.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови