Доматна лута салца
Состојки
- 3 кг домати
- 200мл масло
- 200гр шеќер
- 100гр сол
- 30мл јаболков оцет
- 15листови ловоров лист
- 1 паковка бибер во зрно
- 1китка целер
- 500 гр лути феферонки
- 10чешниња лук
Подготовка
Немаме двор, немаме ќумбе, ама имаме делимано кукер. Зимницата си ја спремем во него.
Пошто сум љубител на луто,спремив една убава лута салца, рецептата ја најдов по нетов, и искрено многу бев среќна зашто го добив тоа што го сакав.
Подготoвка:
1. Ги сецкаме доматите во сецкото и се ставаат во тенџерето. Се додава масло, оцет, шеќер, а потоа и ловоров лист, целер и бибер. Се остава да покрчка, промешувајќи од време на време. Нека крчка триесетина минути откако ќе почне да врие.
2. Потоа додајте му ги феферонките. Ако сакате ставете ги цели, а ако сакате исецкајте ги на парчиња.
Јас ги исецкав и ги помешав заедно со доматите. Го посолив по вкус. Му го додадов пасирано лукче, па оставив да се поварат заедно. Штом ќе бидат омекнати и пиперчињата, соберете ја салцата во мали теглички. Нека бидат миени и добро исушени. По можност топли за складирање на жешката салца.
3. Јас ја собрав во мали теглички зашто е лута па не се јаде многу наеднаш. Да не се расипува, подобро е во помали теглички, да се отвори и да се изеде. Јас ги наполнив теглите ги затворив и ги превртев наопаку малку со капачките. Откако ќе изладат ги редам на поличката за зимница.
Нека ви е слатко.