Испечати

Доматна салца (Ѓавола)

Доматна салца (Ѓавола)

Состојки

  • 1, 5 кг црвени домати
  • 1 мала главица црвен кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 мала лута чили, каен пиперка
  • 1/2 мала лажичка чили зачин
  • 1/2 китка свеж магдонос
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица балзамиран оцет
  • 1 лажичка зачин мајчина душица
  • 1 лажичка оригано
  • неколку ливчиња свеж босилек
  • 3,4 лажици маслиново масло

Подготовка

Доматите ислупете ги и исечете ги на ситни коцки. Кромидот исто исечете го на ситни коцки. Ставете ги во тенџере доматите и кромидот заедно и ставете ги да се варат на огин. Варете ги околу 20 минути на тивок огин, а потоа додадете го на ситно исечениот лук и лутата пиперка. Оставете ги да се варат уште 15 минути па додадете го шеќерот, солта, балзамираниот оцет и маслиновото масло. Оставете ги така сите состојки да се крчкаат уште 10тина минути па додадете ги и ориганото, мајчината душичка, босилекот и магдоносот.

На крај ставете го и чили зачинот и оставете да поврие уште неколку минути додека смесата не стане густа и хомогена. Оваа пикантна салца е одлична во комбинација со тестенини, пица, месо или риба. Комбинирајте ја по ваша желба. Добар апетит!!!