Први колачиња со делимано калапчињата. Ги правев по повод карневалската забава во градинката која оди синчето ми. Бидејќи тој е во класот на пепрутките не избежно беше да го користиме калапчето со таа форма. Пресреќни биле сите дечиња како што ми објаснија воспитувачката и синчето.
Еве како ги спремавме со мала помош на син ми.

1. Вклучете ја рерната на 180 степени и обложете 2 тави за печење со хартија за печење.
2. Со дрвена лажица работете ги шеќерот и растопениот путер додека не станат кремасти.
3. Додајте го брашното поминувајќи го преку сито, потоа додајте ги и бадемите и млекото и мешајте додека смесата не стане компактна и мека.
4. Потоа зберете го тестото со рацете и месте го нежно додека не добиете хомогено тесто.
5. На набрашнета работна маса со сукалка расукајте го тестото со дебелина од 5 мм. и вадете со калпчето форми. Формите префрлете ги во тавата за печење и печете ги 7 до 10 минути додека не поруменат.
6. Откако ќе бидат испечени оставте ги да одморат уште пет минути во тава, па потоа префрлете ги на жица за изладат комплетно.

Постапката за кралската глазура ја имам запишано и кај мојот рецепт Слагалица од бисквити, постапката е иста.

Подготовка на кралската глазура
1. Во сад за матење со миксер матете ги белките додека не добиете цврст снег.
2. Потоа во садот полека додавајте го шеќерот во прав и наизменично мешајте со миксерот додека глазурата не стане мазна и светкава.
3. Глазурата разделете ја во садови и во нив додајте ги прехранбените бои кои претходно сте ги разредиле со неколку капки вода. Мешајте ја глазурата со лажица додека смесата не стане хомогена.

Декорација
1. Глазурата ја префрламе во готварски шприц и ги боиме бисквитите во различни бои.

Препуштете им се на фантазијата и декорирајте по желба. Бисквитите мене ми се убави и без декорацијата ама тоа е индивидуално како си милува.
Излегуваат 40 бисквити.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани