30
дек
2014
Декоративен солен ролат од обланди
1. Најпрво потпечете го сусамот во сув огноотпорен сад и оставете го да излади.
2. Краставичките исецкајте ги на ситни коцкички, а морковот изрендајте го.
3. Со вилушка издробете го сирењето, потоа промешајте го со кајмакот и на крај промешајте ја и павлаката.
4. Додадете го лукот и сите состојки заедно убаво измешајте ги.
5. Листот од обландата омекнете го во влажна пацета.
6. Премачјакте ја обландата со филот и свиткајте ја во ролат.
7. Оставете ролатот добро да се стегни и потоа исечете го на парчиња.
Лиценца: Сите права се задржани
не е сега скоро правен. го правев за една убава прилика кога имаше кафеави обланди се уште некаде да се најдат. сега веќе скоро година време чекам и прашувам за такви, ама ги нема ни набавно. веројатно се прават повремено фабрички, па ги има на периоди
Поздрав до сите <3
srekna nova