Се мати кората од 4 јајца, 150 грама шеќер, се додава маслото брашното, пецивото и  се пече. Јас го печев во тавче со големина 30 на 28 см. Истото се повторува со втората кора во која се додава и 1лажица какао за филот. Се става млекото со 10 лажици шеќер да се стопли, потоа се додава 12 лажици гриз се меша да се добије густа крема. Се трга на страна да се олади. Во оладената смеса се додава маргарин претходно изматен со 150 гр прах шеќер и се соединува се заедно.
Филување:
се става светлата кора се премачкува со пекмез, јас користив пекмез од сливи, па се додава половина од филот (во кој по желба можете да додадете банани, желе бомбони, ореви, но и не мора), па темната кора исто така премачкана со пекмез и другата половина од филот
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови