Гриз тортички
Состојки
- 4 јајца
- 150гр шекер
- 1шолја масло
- 10лажици брашно
- 1 пециво
- 4 јајца
- 150гр шекер
- 1шолја масло
- 10лажици брашно
- 1 пециво
- 1лажица какао
- 1литар млеко
- 10 лаж шекер
- 12лаж гриз
- 1 маргарин
- 150 гр прах шекер
Подготовка
Се мати кората од 4 јајца, 150 грама шеќер, се додава маслото брашното, пецивото и се пече. Јас го печев во тавче со големина 30 на 28 см. Истото се повторува со втората кора во која се додава и 1лажица какао за филот. Се става млекото со 10 лажици шеќер да се стопли, потоа се додава 12 лажици гриз се меша да се добије густа крема. Се трга на страна да се олади. Во оладената смеса се додава маргарин претходно изматен со 150 гр прах шеќер и се соединува се заедно.
Филување:
се става светлата кора се премачкува со пекмез, јас користив пекмез од сливи, па се додава половина од филот (во кој по желба можете да додадете банани, желе бомбони, ореви, но и не мора), па темната кора исто така премачкана со пекмез и другата половина од филот
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола