30
дек
2020
Гибаница без кори
Брза и лесна вечера или доручек.
Рерната вклучете ја на 200 степени.
Состојките само измешајте ги со лажица.
Турете ги во подмачкан сад за печење (помал).
Додека се загрее рерната корнфлексот ќе омекне.
Печете отпочетокот прекриено со фолија (петнаесетина минути) а потоа тргнете ја фолијата да може да се запече одозгора.
Има прекрасен пченкарен вкус. Иди пониска од стандардната гибаница, но секако можете да ги зголемите количините, по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови