17
сеп
2015
Воздушести перничиња
Во длабок сад се мати убаво јајцето со жица за матење, потоа се додава пецивото, зејтинот, кечапот, павлаката, јогуртот, солот и се мати повторно додека смесата да се соедини. Во садот се додава ренданата шунка, сирењето и кашкавалот. Се зачинува со оригано и сусам и се меси. Се додава брашно по потреба да биде меко, но не да лепи тестото.
Се остава да одмори 10мин, а потоа се расукува на набрашнета површина и се сечат коцки. Се пржат во врело масло.
Прекрасни се за ненајавени гости или за појадок, брзи и едноставни, а премногу вкусни. Ова е мојот прв рецепт не ми замерувајте за грешките што сигурно ги има и се надевам дека одсега ќе се дружиме почесто
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови