Испечати

Воздушести перничиња

Воздушести перничиња

Состојки

  • 100 грама рендана шунка
  • 100 грама рендан кашкавал
  • 100 грама рендано сирење
  • 200мл јогурт
  • 1 јајце
  • 1 супена лажица зејтин, павлака, оригано и сусам
  • 1 кафена лажичка сол
  • 2 големи лажици кечап
  • по потреба брашно (околу 400-500гр)

Подготовка

Во длабок сад се мати убаво јајцето со жица за матење, потоа се додава пецивото, зејтинот, кечапот, павлаката, јогуртот, солот и се мати повторно додека смесата да се соедини. Во садот се додава ренданата шунка, сирењето и кашкавалот. Се зачинува со оригано и сусам и се меси. Се додава брашно по потреба да биде меко, но не да лепи тестото.
Се остава да одмори 10мин, а потоа се расукува на набрашнета површина и се сечат коцки. Се пржат во врело масло.
Прекрасни се за ненајавени гости или за појадок, брзи и едноставни, а премногу вкусни. Ова е мојот прв рецепт не ми замерувајте за грешките што сигурно ги има и  се надевам дека одсега ќе се дружиме почесто