
13
окт
2014
Вкусен појадок
Прво во млаката вода се става шеќерот, квасецот и малку брашно да се активира.
Се додаваат течните состојки, па брашното.
Се замесува средно тесто.
Се остава да кисни 10 минути.
Повторно се размесува и кисни 10 минути.
Потоа се сучи правоаголна кора, се сече на парчиња - квадрати
Јас еден дел од кората го исеков на правоаголни парчиња, на кревите ставив фил од урда и јајце, ги преклопив, притиснав со вилушка.
Се редат на чиста кујнска крпа и се пржат на умерен оган.
Испржени се редат на хартиени салфети, па се сервираат.
Лиценца: Сите права се задржани