1.Јајцата се матат со вилушка со малку сол. Им се додава киселата павлака, се соединува. Се додава ренданиот кашкавал, убаво се изедначува.
Се натопуваат убаво лепчињата од двете страни.

2.Се ставаат во добро загреана намрсена тефлонска тава и се покриваат со капак. Се пржат, печат на умерен оган 3-5 мин., ќе си проверувате.
Се превртуваат на капак, се враќаат во тавата и одозгора се мачкаат со ќечап, им се става сувомеснато по желба и малку кашкавал. Се покриваат и пак некоја минутка.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани