Виршли во тесто од компир
Компирите излупете ги, исечете ги на помали коцки и ставете ги да се варат.
Потоа испасирајте ги и оставете ги да се подоладат.
Во садот со испасираните компири додајте го брашното, гризот, јајцата, солата и омекнатиот путер. Убаво со раце замесете тесто.
По потреба посолувајте брашно додека стане не лепливо на работната површина.
Замесеното тесто поделете го на два дела. Од секој дел помеѓу два листа хартија за печење со сукало развлечете округли кори.
Отстранете го горниот лист хартија и од кората сечете осминки со големина по ваша желба (јас направив две големини, едната кора ја сечев на помали осминки, а другата на поголеми).
На секоја осминка тесто ставете парче виршла и замотајте кифличка.
Кифличките наредете ги во плех со хартија за печење, посипете ги со сусам и печете на 200 степени, 30 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
Cesto pravam testo so kompiri i spored sostojkite ova treba da e dosta meko-leplivo sto znaci potesko za rabota a kaj tebe navistina izgledaat super:)