16
фев
2020
Винчини тортици
Превкусни тортици. Од смесата можете да направите какви сакате форми,па јас половина смеса ја обликував како срциња а останатиот дел како бомбици.
Пандишпанот ситно го рониме и ги додаваме мелените бисквити и ореви. Полеваме со рум и го додаваме стопеното чоколадо со путер. На крај додаваме какао крем Алми.
Оставаме смесата убаво да се олади, па сучиме кора дебела колку еден прст.
Со модли вадиме срциња кои ги декорираме со срциња од фондан и шарени трошки.
*фонданот се прави според упатството на кутијата.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови