Храната без глутен е многу популарна во последно време, и тоа не само кај оние кои се алергични на глутен. Таа многу брзо прераснува во паметен начин на јадење со кое не се внесуваат многу јаглени хидрати и за многу кратко време ќе почувствувате дека со внесувањето на храна која не содржи глутен исчезнува чувството на подуеност. Јадете правилно, изгледајте одлично.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

За ТЕСТО ќе ви треба:

  • 160 грама Палента
  • 625 милилитри вода
  • 125 милилитри млеко
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица маслиново масло

За ФИЛ ќе ви треба:

  • 6 парчиња кулен
  • Една рака печурки
  • 3 парчиња шунка
  • Една рака маслинки
  • Една рака сечкана моцарела
  • 5 лажици исечкани домати

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Длабока тава со рачки и Плитка тава.

Подготовка

Чекор 1: Ќе почнеме со подготовка на тестото. Ставете ги Палентата, водата и млекото во тавата и варете постојано мешајќи додека добиете густа смеса. Убаво би било доколку додадете и малку маслиново масло или путер и задолжително убаво зачинете.

Чекор 2: Плитката тава обложете ја со хартија за печење и истурете го тестото. Распоредете го рамномерно по целата тава со тоа што на краевите ќе има малку подебел слој. Потоа ставете го во фрижидер околу 1 час.

Чекор 3: Загрејте ја рерната на 150 степени и печете го тестото 30 минути. Потоа извадете го од рерна и почнете со редење на филот. Ние користиме состојки кои се типични за Капричиоза. Внимавајте да не ставите премногу од состојките или пак премногу течност затоа што ова тесто не е толку цврсто како стандардните теста за пица.

Чекор 4: Ставете ги сите состојки врз тестото и печете уште 25 минути додека убаво да се испече. Оставете ја пицата малку да се олади, исечете и послужете.

Погледнете го видеото: Како да направите украсна машна.

СОВЕТ: Ова тесто за пица се подготвува за 5 минути и нема да заспиете откако ќе се најадете. Исто така, тоа е многу, многу евтино и можете да го подготвите еден ден претходно па да ви послужи како ужина на работа или на излет.