Вафел тортички со јагоди
Маргаринот и шеќерот изматете ги пенасто. Додавајте ги јајцата едно по едно матејќи непрестано. Брашното, прашокот за печиво и мелените ореви измешајте ги, па така наизменично со млекото додавајте ги во смесата со јајца и маргарин.
Загрејте го апаратот за вафли и намастете ги модлите. Ставајте по 3 лажици од смесата да се печат. Од оваа смеса излегуваат отприлика 10 вафли. Кога ќе бидат готови, оставете ги да се оладат.
За тоа време спремете го филот.
Јагодите ситно исецкајте ги. Половина од нив, ставете во еден длабок сад и со рачен блендер испасирајте ги. Во друг сад изматете ја слатката павлака заедно со ванилиниот шеќер и додадете го кокосот. Треба да добиете цврста шлаг крема (по потреба користете и кремфикс). Додадете ги прво испасираните јагоди, измешајте со жица за матење, па потоа додадете ги и исецканите јагоди. Повторно промешајте.
Вафелот поделете го на пет срца. Од три срца и од кремот направете тортичка. Исфилувајте го првото срце со 1 до 1 1/2 лажица од филот, ставете врз него друго срце, повторно фил, и одозгора ставете го третото срце. Повторете го процесот со останатите вафли. Одозгора наросете шеќер во прав и украсете со свежи јагоди.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Fala ti za ubaviot komentar :)
Одлична комбинација на вафлите со кремот.. :)
кај добра слика, па и рецепт медоина. морам да си купам тостер на кој што му се менуваат плотните и да ги имам сите во еден :) :) :) :)