24
мар
2012
Варени јаболка со пудинг
Јаболката се лупат и се сечкаат на коцки. Во околу 100мл вода(ладна) се мешаат пудинзите. Во остатокот од водата ги вариме јаболката заедно со шеќерот. Кога ќе зовријат ги додаваме пудинзите и мешаме додека убаво не се згусне. Се сервира во стаклени чинии. Може да се додаде цимет, ама тоа по желба. Може да се декорира со хопла и некое овошје.
Јас овој десерт обожавам да го јадам додека е топол.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
а ако ставиме млеко место вода, ќе може?
инаку и јас како и овоштаркана од погорниот коментар, би си фукнала млеко. слабо стојам со пости, а годинава не се ни замарам. имам младунче, па можам ако сакам да го користам како изговор за се', од не постам до морам да одам на море во хотел со 5 ѕвездички ЗА ДЕТЕТО :) :) :) :)
(реалноста е: никогаш не се вадам на младунче) :)