Испечати

Варени јаболка со пудинг

Варени јаболка со пудинг

Состојки

  • 6-8 супени лажици шеќер
  • 2 пакетчиња пудинг од ванила
  • 1л вода
  • 1кг јаболка (златен делишес)

Подготовка

Јаболката се лупат и се сечкаат на коцки. Во околу 100мл вода(ладна) се мешаат пудинзите. Во остатокот од водата ги вариме јаболката заедно со шеќерот. Кога ќе зовријат ги додаваме пудинзите и мешаме додека убаво не се згусне. Се сервира во стаклени чинии. Може да се додаде цимет, ама тоа по желба. Може да се декорира со хопла и некое овошје.
Јас овој десерт обожавам да го јадам додека е топол.