Гриз-пудинг со компот од јаболка
Млекото заедно со шеќерот ставете да се вари. Откако ќе зоврие, додадете го гризот, намалете температурата на средна и варете со постојано мешање додека да се згусне. Тргнете на страна и додека е врело додадете ја жолчката. Измешајте енергично со жица за матење. Ставете го пудингот во десертни чашки.
Јаболката излупете ги, исечете ги на осминки (или по желба), отстранете им ја срцевината. Ставете ги во тенџере, налијте ја водата и додадете го шеќерот и циметот. Ставете да се вари. Откако ќе зоврие, намалете ја темературата на средна и поклопете со капак. Оставете така да се крчка 10тина минути, или додека јаболката да омекнат. Вака омекнатите јаболка ставете ги врз гриз пудингот и оставете да се излади. Пред послужување наросете со цимет.
Забелешка/ Пробајте го и пудингот и компотот за блажина. Доколку сакате поблаги десерти, додадете шеќер.
Лиценца: Сите права се задржани