Ванилици пеперутки (со какао и јајца)
1. Маргаринот претходно треба да биде отстојан на собна температура да биде малку омекнат. Се става во сад за месење и се додава шеќерот во прах, јајцата, ванила, пециво се додава постепено брашно и се замесува колачот.
2. Се дели на два дела.
Во едниот дел се става какаото и се умесува да се соедини со тестото. Потоа и двата дела( црниот и белиот) се делат на два дела да се добие два дела од црниот дел и два дела од белиот дел.
3. Се зема еден бел дел и се расукува првоаглесто, се зема и еден црн дел и се расукува на страна во правоаголник како белиот и се става врз белиот правоаголник. Потоа се мота во ролат, но не сосема до крај туку се остава околу 1 до 2 см не замотан до крај. Се сече на половина ролатот и се става еден до друг така да незамотаните страни да дојдат една до друга во средина од горната страна да дојде назамотаниот дел на ролатот.
4. Истата постапка се повторува и со преостанатото тесто. И се стават на послужовник во флижидер да остстои тестото половина час потоа се вади и се сече на парчиња
5. Се зема едно по едно од парчињата и со раце се вдлабнуват двете надворешни страни на колачот на средината. Тоа ќе го видите на поставените фотографи. Малку со раце се плеска површината на колачот убаво да се измазни. Се работи внимателно бидејки колачот малку е кршлив додека да ги направите фигурата на колачот.
6 Се пече на хартија или во намрсен плек на 170 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Е ова е совршен роденденски рецепт.Јас пак се чудев како се реди тестото да излезе вака,а тоа од просто,попросто и едноставно да ти биде :)
Супер,се воодушевив уште по сабајлечки