Ванила крофни (мафини) - рецепт за апарат за крофни
Супер тесто кое можете да го користите за мафини или за крофни во апаратчето за крофни. Рецептот е од другарка ми, битолчанката, што парче прави кога готви, ама никако на направи фотографија и да почне да става сама рецепти.
Јајцето изматете го пенесто со маслото. Додадете го шеќерот и матете додека да се стопи шеќерот. Потоа додадете ги млекото и сувите состојки.
Матете смесата убаво да се изедначи.
Чоколадните зрнца можете да ги изоставите, но доколку решите да ги додадете во смесата, за мафини додадете ги веднаш и убаво измешајте да се распоредат насекаде.
За крофни не ги додавајте во смесата за да не ви се заглавува во шприцот при полнење на калапите.
За крофни
Загрејте го апаратчето. Наполнете го шприцот за слатки и полнете ги калапчињата до врв. Затворете го апаратчето и печете 3 до 5 мин во зависност од тоа колку сакате да биде крцкава кората. Тие на фотографијата се печени 5 мин. Кората останува крцкава, а внатрешноста мека, кората потемна, внатрешноста светла (дополнителна фотографија). Супер комбинација.
Доколку сакате чоколадни трошки да ставите во тестото, сипете половина доза во калапчето за крофни, наредете неколку трошки, повторно ставете смеса и печете.
Доколку немате шприц за слатки, смесата сипете ја во кесе за замрзнување и одсечете го врвот малку.
За мафини
Смесата сипете ја во калапчињата за мафини и печете во загреана рерна на 200 степени 20ина минути. Калапчињата полнете ги 2/3, за да има место да нараснат.
За да не лепат калапчињата премачкајте ги со масло, а потоа наросете брашно по целата површина и сипете ја смесата.
Доколку имате силиконски калапчиња или користите хартиени корпи нема потреба од премачкување.
Излегуваат околу 24 мафини (зависи од големината на калапите) и 36 крофнички од апаратот.
Оргиналниот рецепт е со млеко, пециво и масло, јас тоа го заменив со јогурт, сода бикарбона и маст.
Значи, проверено, изедено, а крофничките дури и извозени по маса како ГУМИ пред пилиштарциве да ги изедат =))
Лиценца: Сите права се задржани
во која варијанта и да ги пробате, крофни, мафини, нема да зажалите :)