Лесен и брз рецепт, најважно вкусен. Може да го приготвите како мафини во рерна, како крофни во калапчиња за печење или апаратче и може да бидат вафли. Што и да одлучите нема да погрешите.

Овој рецепт според оргиналот не беше посен, но го прилагодив за кога ШАрам Барам ќе дојде на гости, да има вкусно благо. Супер испаднаа. Треба да кажам и фала на другарка ми Дона, бидејки таа е задолжена за пронаоѓање на овој рецепт, како и совршениот рецепт за Благи крофни од апаратче

Во сад ставете ги сувите состојки и убаво промешајте. Додадете ги течните сотоски и соединете да нема грутчиња. Може и со миксер, може и рачно. Рачно малку поспоро ќе оди.

Од како ќе биде готова смесата вклучето го апаратчето или рерната. Времето на загревање ќе направи оцетот и содата да реагираат (да направат меурчиња).

Калапите во апаратчето полнете ги до врв, затворете и печете 5 мин.
За вафли е истата процедура, а за мафини во рерна печете 15-20 мин на 200 степени.

Декорации се по ваша желба. Јас посипав со ванилин шеќер во прав и беа супер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани