Малиџано крофни (мафини, вафли) (апарат за крофни)
Уште еден во низата Смисли сам рецепти, кој се погоди ептен. Кој е љубител на малиџано ќе се изнаужива.
Јајцата убаво изматете ги. Додадете го малиџаното, пецивото, лукот и брашното и промешајте.
Доколку правите крофни тестото треба да биде густо. Густината најмногу ќе зависи од малиџаното, затоа ќе мора да ја прилагодите. Погусто тесто во апаратот за крофни, поубаво нараснува.
Доколку правите мафини или вафли, 25 лажици брашно треба да се сосема доволни. За мафини и вафли, смесата може да биде потечна.
Зарејте го апаратчето за крофни. Полнете ги калапите во апаратчето до врвот, затворете и печете 5 мин. Крофните се готови Ч)
За вафли постапката е иста. Загрејте го апаратчето. Тесото размачкајте го по целата површина рамномерно со лажица или кутлача (мерица), затворете, печете 5 мин и вафлите се готови.
За мафиниЧ загрејте ја рерната на 200 степени. Калапите за мафини полнете ги 2/3 за да има место да нарасне тестото. Печете ги 15-20 минути.
За полесно полнење на калапите за крофни користете шприц или кеса за замрзнување на која ќе го одсечете врвот.
Дозата е голема, можете да ја поделите на 2 јајца, 400 грама малиџано, половина пециво и 15ина лажици брашно.
Лиценца: Сите права се задржани