Бургери од праз
Еве една супер верзија на вегетаријански бургери кои си ги измисли мајка ми. Ептен и ги бендисав, па ги сместив на редовно мени. Таму и ќе останат, се дур има праз! Многу лесно се подготвуваат, а вкусот е фантастичен!
Празот ситно се сецка и се остава во врела вода дур таа не се олади. Никако не го прескокнувајте овој чекор бидејќи овозможува полесно варење на празот, особено ако имате проблеми со дигестија. Од кога ќе се олади водата каде што сте го накиснале, убаво исцедете го празот и со додавање на останатите состојки замесете ја смесата за бургерите.
Од смесата оформувајте бургери и наредете ги на хартија за печење.
Печете во претходно загреана рерна на 200 степени. Бургерите се готови кога ќе заруменат. Во мојата рерна тоа е за околу 20 минути.
Добар аптетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
супер рецепт! :)
мајка рулз!