15
јун
2020
Брз млечен леб (без стасување)
Фантастичен леб кој го подготвувате многу брзо, само ви е потребно времето на печење. Вкусен и миризлив и како таков на сите ни се допадна. Топло ви го препорачувам да го пробате...
Подготовка
1. Ја загреваме рерната на 180 степени.
2. Брашното, пецивото и шеќерот ги промешуваме.
3. Во сувите состојки ги додаваме ренданото биено сирење и урдата, па повторно промешуваме.
4. Смесата ја замесуваме со млеко. Сол не додавам бидејќи е солено сирењето.
5. Формираме лепче го набрашнуваме, му правиме засеци со нож, го ставаме во тава и го печеме во веќе загреаната рерна околу 1/2 час.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Mi se dopadna mnogu.