Колачов го подготвив со повод, имено требаше да ми дојдат гости и требаше да подготвам нешто набрзина. Кога дојдоа веќе се чувствуваше миризбата на печен колач. Излезе и дека е вкусен...

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 180 степени.
2. Шеќерот, ванилите, маслото и мармаладот ги соединуваме со лажица.
3. Ги додаваме јогуртот и млекото. Мешаме за да се подрастопи шеќерот.
4. Ги содинуваме сувите состојки (брашно, какао, пециво, сода бикарбона) и ги додаваме кон влажните. Промешуваме со лажица да се соедини смесата.
5. Калапот во кој ќе го печеме колачот го намрсуваме и набрашнуваме. Ја истураме смесата, и рендаме бело чоколадо врз него.
6. Печеме на 180 степени околу 40 минути.
7. За да видиме дали е печен најдобро е со дрвена чепкалка, ако е сува кога ќе ја извадиме од колачот, значи печен е.
8. Го ладиме и сервираме.

Забелешка
Јас го подготвив со 150 гр шеќер, ама сметам дека не беше баш благ, за да ме засити со едно парче. Затоа мој предлог е да си ја зголемите дозата на шеќер барем за 50 грама. А кој не сака многу благи колачи, горенапишаната доза е таман. И да ви кажам на сите што го пробаа им се допадна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани