Еве една интересна идеја како децата да ги воодушевите со тоа што ќе ги потсетите на една од нивните омилени игри, а и сами ќе се потсетите на таа игра од детските години. За овој рецепт немат да ви биде потребен миксер туку само еден сад и жица за матење и еве како се подготвува.
1. Во тава на оган се става маргарионот да се растопи па откако ќе се растопи се трга од оган.
2. Во еден сад се става шеќерот и се додеава растопениот маргарин. Се мати со жица малку да се стопи шеќерот.
3. Потоа се додаваат млекото и јајцата и се мати со жица се додека да се растопи целосно шеќерот.
4. Во садот се додава какото во прав, ванилата и прашокот за пециво. Се промешува нежно со жицата се додека да се соединат.
5. На крај се додава брашното и повторно се промешува па смесата се истура во правоаголен калап бр 19х29 и се става во претходно загреана рерна од 200С-20мин.
6. Откако ќе се испечи колачот се остава да се олади, се сечи на коцки и се наросува со шеќер во прав и какао во прав. Добар апетит.
Забелешка
Смесата треба да биде густа затоа ги ставив и фотографиите да видите колку треба да биде густа ако во случај смесата е погуста може да додадете уште малку млеко.
За колачот да го направам со бројки претходно ги нацртав броевите од 1 до 9 на еден лист, ги исеков со ножици. Коцките пред да ги посипам со шеќер во прав и какао во прав на секоја една коцка и ставав по еден број, потоа ги посипив со шеќер во прав и какао во прав па со помош на ножиците ги отстранив бројките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани