3
окт
2015
Чоколаден колач без миксер - Gateau au chocolat fondant
1. Во сад на оган го ставаме чоколадото и путерот да се стопат. Ги додаваме шеќерот и какаото, мешаме додека да се растопи.
2. Смесата ја оставаме да се излади. Откако ќе се излади во неа едно по едно ги додаваме јајцата. После секое додадено јајце мешаме додека смесата не се изедначи. Го додаваме и брашното.
3. Смесата ја ставаме во округли калап бр. 24 претходно намачкан со маргарин. Печиме на 180 степени 30 минути.
4. Откако ќе се излади ја посипуваме со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани