27
окт
2012
Француски рецепт - Mousse au chocolat
Растопете го чоколадото со малку масло во микро или на тивок оган.
Ставете го во подлабок сад и мешајќи со жица за матење додадете ги трите жолчки и ванилиниот шеќер.
Белките изматете ги со миксер со прстофат сол и по желба шеќер (јас додавам оти си сакам кога е многу благо). Кога ќе бидат убаво изматени додадете ги во смесата со чоколадо и убаво промешајте.
Смесата ставете ја во мали садови или како што направив јас во чаши за сладолед и оставете ја околу 3-4 часа во фрижидер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови