2
мар
2015
Брз колач од гриз
Пишкотите ги добив од Лиле и морав да ги искористам и прилагодам кон овој рецепт затоа што беа позз за внукичката.
Од млекото се двои околу 200мл за потопување на пишкотите. Другото млеко заедно со шеќерот се става да зоврие. Кон зовриеното млеко се додава гризот и прашакот за пудинг и се вари крем. Во обложен калап се ставаат пишкотите-по дното и по страните. Се истура врз нив млакиот крем и се покрива со еден ред пишкоти.
Колачот се остава 2-3 часа во фрижидер да се стегне, а потоа се сече на парчиња и се прелива со прелив по желба а и не мора. Јас го преливав со маџун. Брз и едноставен рецепт наменет за сите возрасти.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор