Многу вкусни, сочни и брзи за подготовка.

Подготовка
1. Изматете шест белки да добиете цврст снег. Додадете го шеќерот и продолжете да матете се додека не се растопи шеќерот.
2. Постепено додавајте ги маслото, жолчките, пецивото циметот и на крајот брашното.
3 Добиената смеса, ставете ја во намрсена и набрашнета тава и печите на 200 степени околу 15 минути.
4. Исечете на коцки
5. Кога ќе се изладат малку, ставете им одозгора топло млеко со какао
6. Двете белки изматете ги и додавајте го шеќерот постепено. Матете додека не добиете цврст шлаг
7. Филувајте ги коцките со приготвениот шлаг од белки
8. Декорација - по желба. ( Јас ги декорирав со чоко кикирики)
На здравје!

Совет (за шлагот од белки)
Не додавајте шеќер пред да почнете со матење на белките, затоа што тоа ќе ви го дуплира времето за правење на пената. Шеќерот додавајте го постепено, откако веќе се создала пената.И цврстината на шлагот зависи од количината на шеќерот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани