16
мај
2012
Брзи гонзалез
Јајцата и шеќерот убаво се бијат. Потоа, постепено се додава млекото, маслото, брашното и прашокот за печење и на крај кокосот. Печиме во тава 28 на 180 степени околу 20 мин.
Во огноотпорен сад се ставаат сите состојки за преливот и на умерен оган со повремено мешање се рестопуваат и убаво се измешуваат. Смесата не смее да проврие.
Кога малку ќе подолади кексот се сечи на парчиња со посакувана димензија и потоа се прелива со преливот. Преливот треба да навлезе помеѓу исечените делови.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
obozavam vakvi recepti
Дани и јас одамна не сум ја правела гоодини.. сега листајќи реков да пренесам нешто едноставно а вкусно на денешниве деца :) и, им се допадна многу, побараа репете :)
Бојана и мене кексот ме потсетува на тоа време, само што, дури ја молев мајка ми, јас самата си ја правев и самата си ја јадев често хахаха... оставајќи по парце или две додека дојдат од работа ;)
■1 прашок за печење.. sto e ova pecivo paketce?
■1/4 коцка маргарин...mozis da mi kazis na grams za ova oti kaj mene tuka pobaska e margarinot.. fala pozdrav od Diana
-мерката за филџан е колку еден филџан за црно кафе,тоа доаѓа некаде околу 100мл претпоставувам. Не е сташно и да варира. (кога ќе ја добијам вагата на делимано, тогаш за се очекувајте најпрецизни мерки;) )
- прашок за печење е пакетче пециво да :) и
-маргарин слободно стави си 70 грама, па и 100 и со тоа добро е освен тие 15 лажици вода да си додадеш уште 5 ако сакаш да имаш повеќе прелив. Инаку, една коцка маргарин кај нас е 250 грама, затоа и пишав 1/4 коцка... тоа приближно иди 62,5 грама.
Мерките овдека и да ти варираат, сигурно колачот ќе испадни добро. Не се секирај воопшто и слободно испробај го, па се надевам ќе не известиш за резултатот, поздрав :)
:) ke se najadam samo so torti... uste pojke ke go zdebelam mazotmi :)
ke ti kazam kako se napraje
pozdrav
pozdrav