Испечати

Брзи гонзалез

Брзи гонзалез

Состојки

  • за кекс
  • 3 јајца
  • 12 лашици шеќер
  • 1 филџан масло
  • 1 филџан млеко
  • 15 лажици брашно
  • 1 прашок за печење
  • 100 гр кокос
  • за прелив
  • 15 лажици вода
  • 15 лажици шеќер
  • 3 лажици какао
  • 1/4 коцка маргарин
  • 1 ванила шеќер

Подготовка

Јајцата и шеќерот убаво се бијат. Потоа, постепено се додава млекото, маслото, брашното и прашокот за печење и на крај кокосот. Печиме во тава 28 на 180 степени околу 20 мин.
Во огноотпорен сад се ставаат сите состојки за преливот и на умерен оган со повремено мешање се рестопуваат и убаво се измешуваат. Смесата не смее да проврие.
Кога малку ќе подолади кексот се сечи на парчиња со посакувана димензија и потоа се прелива со преливот. Преливот треба да навлезе помеѓу исечените делови.
Добар апетит!