Капкејксот
Најпрво се растопува чоколадото со путерот на пареа. Откако убаво ќе се растопи се трга малку да се подолади. Потоа со миксер матејки се додава шеќерот, па јајцата едно по едно, брашното, ванилата, солта, пецивото и се убаво се мати. Смесата се става во хартиени корпички и се ставаат да се печат на 165 степени околу 20минути. Откако ќе се испечат се вадат и се оставаат скроз да се оладат. Во меѓувреме се спрема шлагот/кремот.
Се растопува чоколадото на пареа и се трга да се подолади, а во посебен сад се мати путерот со шеќерот во прав, на него се додава ванилата и на крај растопеното чоколадо. Се мати убаво.
Откако ќе се оладат капкејксот врз нив се декорира со шлагот.
Може да се напрска со кокос или мелени ореви или сл.
Пријатно јадење.
п.с. заборавив да напоменам дека количински испаѓаат малку околу 12-15 парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови