Брауни КапКејкс
Состојки
- 120гр темно чоколадо со 70% какао или ако немате користете чоколадо за готвење
- 115гр путер на собна температура
- 200гр шеќер
- 3 јајца на собна температура
- 100гр брашно
- 1/4 мала лажичка сол
- 1/4 мала лажичка пециво
- 1 мала лажичка ванила течен екстракт
- 100гр темно чоколадо со 70% какао или ако немате користете чоколадо за готвење
- 120гр путер на собна температура
- 120гр шеќер во прав
- 1 мала лажичка ванила течен екстракт
Подготовка
Капкејксот
Најпрво се растопува чоколадото со путерот на пареа. Откако убаво ќе се растопи се трга малку да се подолади. Потоа со миксер матејки се додава шеќерот, па јајцата едно по едно, брашното, ванилата, солта, пецивото и се убаво се мати. Смесата се става во хартиени корпички и се ставаат да се печат на 165 степени околу 20минути. Откако ќе се испечат се вадат и се оставаат скроз да се оладат. Во меѓувреме се спрема шлагот/кремот.
Се растопува чоколадото на пареа и се трга да се подолади, а во посебен сад се мати путерот со шеќерот во прав, на него се додава ванилата и на крај растопеното чоколадо. Се мати убаво.
Откако ќе се оладат капкејксот врз нив се декорира со шлагот.
Може да се напрска со кокос или мелени ореви или сл.
Пријатно јадење.
п.с. заборавив да напоменам дека количински испаѓаат малку околу 12-15 парчиња.