Инетресен колач со оглед на составот, ама да ви кажам дека тиквичката воопшто не се чувствува, така да слободно пробајте го, нам ни се допадна.
Подготовка
Тиквичката ја лупиме и ја рендаме. Ја оставаме кратко да постои, па ја цедиме од течноста што ја содржи. Ги ставаме сувите состојки и ги промешуваме, па ги ставаме течните. Мешаме со лажица да ни се соедини смесата. Ја распоредуваме во тавче и ја печеме во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути.
Забелешка
Пробајте со чепкалка дали ви е печен колачот, ако е сува печен е. Ориентационо го пишав времето на печење, зошто пак секоја рерна различно пече. Го печев во силиконски калап кој само го намрсив, ако печете во обично тавче и набрашнете го за да не ви се залепи. За овој колач потрошив една тиквичка, со тоа што 1 и ½ чаша рендана тиквичка ја цедев, а ½ чаша ја ставив во смесата нецедена, само рендана (некако ми беше сува смесата). Добив една мала сугестија од сопругот, дека сум можела и рум да ставам во колачов, па имајте го и тоа во предвид ако го сакате вкусот на румот.