Чоколадни браунис колачиња (без печење, посно, веган)
Редовно ги подготвувам, толку се вкусни здрави, лесни за правење а уште полесни за јадење.
За подготовка ќе ви треба појак блендер односно Нутрибилет, ги ставаме урмите, оревите, какаото, водата и солта и пулсираме додека не добиеме убава конзистентна смеса. Доколку сакате можете урмите да ги покиснете во врела вода неколку минути колку да омекнат, но при блендирањето ќе добиете кремаста смеса.
Истурете ја смесата во калап.
Го приготвуваме фростингот.
Јаворовиот сируп, какаото и маслото ги мешаме додека не добиеме кремаста смеса. Ја истураме врз смесата од урми.
Оставаме во фрижидер мин два часа, или најдобро е преку ноќ.
Бидејќи моите по дома се навистина алчни за ваков вид колачиња, едвај ги издржаа и тие два часа.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови