Едни од највкусните бомбици кои ги имам подготвувано и кои топло ви ги препорачувам.
Подготовка
На почеток сувите сливи ги вариме во црното вино и шеќерот десетина минути. Сливите ги процедуваме од виното и ги тргаме на страна, во виното на тивок оган ја ставаме чоколадата додека да се стопи. Тргаме на страна и во смесата го додавам путерот да се соедини со чоколадото. Сувите сливи ги сечкав во сечко (доколку немате може и со нож) и ги додаваме на смесата заедно со оревите и бисквитите и замесуваме. Формираме бомбици кои ги преливаме со млечна чоколада која предходно ја стопивме на тивок огин со путер.
Декорираме со топена бела чоколада или по желба, дел од чоколадото за бомбиците може да го исецкате да се осетат поголеми парчиња чоколада...
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани