Бомбици со суви сливи и црно вино
Состојки
- 8-10 суви сливи
- 100мл црно вино
- 3 лажици шеќер
- 125гр путер
- 200гр чоколада за готвење
- 200-300гр бисквити
- 100гр ореви(ситно и крупно мелени)
- прелив
- 100гр млечна чоколада
- 50гр путер
Подготовка
Едни од највкусните бомбици кои ги имам подготвувано и кои топло ви ги препорачувам.
Подготовка
На почеток сувите сливи ги вариме во црното вино и шеќерот десетина минути. Сливите ги процедуваме од виното и ги тргаме на страна, во виното на тивок оган ја ставаме чоколадата додека да се стопи. Тргаме на страна и во смесата го додавам путерот да се соедини со чоколадото. Сувите сливи ги сечкав во сечко (доколку немате може и со нож) и ги додаваме на смесата заедно со оревите и бисквитите и замесуваме. Формираме бомбици кои ги преливаме со млечна чоколада која предходно ја стопивме на тивок огин со путер.
Декорираме со топена бела чоколада или по желба, дел од чоколадото за бомбиците може да го исецкате да се осетат поголеми парчиња чоколада...
Добар апетит!!!