Смоквите се мелат на машина за мелење месо. Локумот се сецка и се става на оган со сокот од портокал. Се меша и се додаваат и мелените смокви. Смесата се грее се додека локумот се спои со смоквите, а потоа се трга настрана да се олади.
Во оладената смеса се додаваат оревите и се замесува смеса од која се формираат бомбици. Смесата е доста јака и блага и затоа бомбиците може да бидат помалечки.
Од оваа смеса може да се направат и многу вкусни обланди.
Бомбиците се декорираат со чоколада.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела