10 белки се матат во цврст снег. Се додава шеќерот и се мати уште 10 минути додека се добие сјаен шам. Полека со лажица се додава овошјето претходно измешано со брашното и пецивото и се пече на хартија 60 минути на 160 степени. Оладена кората се сече на три ленти по должина.
фил
10 жолчки се матат со шеќерот додека се добие пенаста маса и се става смесата на пареа. Се продолжува со матењето додека се згусне и на крај се додава чоколадата искршена на парчиња. Се меша и се трга настрана да се олади. Кон оладениот фил се додава изматениот маргарин со 150гр шеќер. Се соединува филот и се филуваат лентите. Одозгора може рендана чоколада или чоколаден прелив.
Јака торта и доста блага.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани